Лидерот во Групата А, Русија во последното коло ќе се сретне со Грција. На “зборнајата“ им е потребен бод за освојување на една од двете позиции кои водат во 1/4 финалето. Во третото коло Русија стартува со четири бодови, Чешка има три, Полска два и Грција еден.

Грција “само“ победа ја води во нокаут фазата, а на триумф чекаат од ЕП во 2004 година кога ја освоија титулата.

Решавачките мечеви од групната фаза се играат во ист термин за да се избегне калкулирање со резултатот.

Мх.П.