Гостиварчани ги прокнижија првите три бодови на второлигашката табела победувајќи го тимот на Охрид со минимални 1-0 во втората рунда од шампионатот. Составот на Гостивар со триумфот против охридските фудбалери се изваде за поразот од Дрита 4-3 во првата рунда од Втората лига.

Фудбалерите на Гостивар поведоа на средината од првото полувреме а со голема доза на среќа и одбрани на голманот Бојан Тимевски го зачуваа водството и победија.

  • Натпреварот го започнавме во голем грч како последица од поразот во првата рунда од шампионатот. Тешко беше да се врати вербата и мотивацијата кај фудбалерите после пораз во трилер меч. Со победата во Охрид успеавме да ги вратиме загубените бодови на домашен терен и покажавме дека можеме да играме и да се бориме добро. Охрид беше подобар и поквалитетен противник. Притискаше констатно и ние во одредени моменти имавме и среќа. Сакам да им честитам на домаќините за фер и коректната игра и ветувам дека истиот третмат екипата на Охрид ќе го има во Гостивар. – изјави предводникот на гостиварчани, Ерџан Менга.

Гостивар во следната рунда ќе се сретне со Велазерими, додека охриѓани гостуваат во Дебар кај тимот на Кораб.

OhridNews

Среќата им го сврте грбот на охриѓани