Во рамки на Еразмус+ проектот ECHOSET, од 16 до 20 декември се реализира првата мобилност во Хрватска. Четири ученички од втора година во состав: Јана Ангелоска, Драгана Усовиќ, Елена Цветаноска, Сара Коваческа со координаторот на проектот, психолог Алберта Гулицовска и проф. Александра Томоска, престојуваа во Хрватска, како гости на Економското училиште во Пожега.
Предводени од домаќините, заедно со учесниците од Полска, Шпанија, Германија и Литванија, охридските ученици учеа за божиќните традиции и обичаи, го запознаваа градот Пожега, на пошироката јавност познат по фабриката на чоколадо „Звечево“ и регионот на Славонија со богата историја и гастрономска понуда.
Гостите од Охрид имаа можност да ги посетат и Адвент во Загреб со богатиот Божиќен базар, Илица и горниот град каде тимовите во Scavenger Hunt следеа упатства од мобилните апликации и ги запознаваа важните загребски локалитети. Покрај тоа, ја посетија и Лика и националниот парк Плитвички езера, комплексот со вкупно 16 езера со фантастична природа, импресивни во зимскиот период на годината.
OhridNews

















