Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган,  се онесвестил на утринската молитва по повод Рамазан, додека бил во џамија, пренесуваат турските медиуми. На турскиот претседател нагло му се слошило и се онесвестил. Како што пишуваат некои турски медиуми тој имал проблем со притисокот.

– Се опоравив брзо, сега сум добро и ќе продолжам со предвидената програма, изјавил Ердоган накусо по несреќата.

OhridNews