Во последен момент турската делегација го променила планот и наместо кон Охрид, се упатила за Скопје од каде со специјален лет се врати во својата земја. Охриѓани попладнето го чекаа високиот гостин со часови Најупорни беа младите Турци кои во чест на Ердоган истакнаа транспаренти и развиорија знамиња, но кога стана јасно дека тој нема да дојде и тие се разотидоа, а полицијата ги повлече посебните мерки на безбедност во градот кои беа на сила во текот на денот.
Премиерот на Турција престојуваше во дводневна посета на Република Македонија, во рамки на која оствари средба со државниот врв и претставници на политички партии. Покрај Скопје тој ги посети уште и Тетово, Врапчиште и Гостивар, а иако беше предвидено поради набиената агенда не допатува во Охрид.
Ќе мора да причекаат нова прилика за средба со Ердоган