Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен е пред трансфер во италијанскиот калчолигаш Интер. Ериксен, денеска допатува во Милано каде треба да ги финализира деталите со „нероазурите“ и да стави потпис на договорот.

Тотенхем долго оддолеваше од понудите на Интер, но англискиот премиерлигаш попушти поради заканата во летниот преоден рок Ериксен да замине без оштета и како слободен фудбалер. Менаџерот на „петлите“, Жозе Мурињо му се налути на својот поранешен клуб Интер поради начинот на преговорите и времето во кое ќе остане без услугите на Ериксен.

Тотенхем е најмалку крив, а ќе биде најмногу оштетен во оваа ситуација. Преговори за трансфер не се почнуваат на 25 јануари, туку многу порано. Можам да кажам дека Ериксен од моето доаѓање се однесуваше многу професионално. Но не е убави ова да се случува во последните денови од зимскиот преоден рок. – изјави Мурињо.

Португалскиот стручњак на клупата од Интер во 2010 година го оствари најголемиот клупски успех освојувајќи ја тројната круна. „Нероазурите“, триумфираа во Серија А, Купот на Италија и Лигата на Шампиони.

OhridNews