Од минута во минута стигнуваат нови информации за хеликоптерска несреќа во која легендарниот кошаркар Коби Брајант го загуби животот. Американската полиција полека го разоткрива случајот, а познати се идентитетите на петте жртви.

Една жртва е ќерката на Коби, Џиана. Другите двајца се родител и ќерка кои заедно со Џиана и Коби патувале на кошаркарскиот натпревар. Петтата жртва е пилотот. Сите починале на лице место.

Очевидците, сведочат дека слушнале чудни звуци непосредно пред срушувањето на хеликоптерот во кој се наоѓаше легендарниот кошаркар.

Кошаркарскиот свет и сите други спортисти се простуваат од Коби Брајант, кој одбележа една ера во најквалитетната кошаркарска лига НБА.

OhridNews

Трагедија во НБА: Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа (видео)