Во Мексико еруптираше вулканот Попокатепетли, при што беа исфрлени камења кои одлетале на оддалеченост од 1,6 километри, соопшти мексиканската Национална служба за цивилна одбрана.

По ерупцијата, над вулканот се издигнал пепел во висина од три километри.

 

Вулканот Попокатепетл е висок 5.426 метри и е активен последните месеци. Околу 25 милиони луѓе живеат во круг од околу сто километри од вулканот кој се наоѓа на 50 километри од Мексико Сити.

OhridNews

Макфакс