
Идејата на Александар за универзално општество била забележана од голем број на учени луѓе. И Аристотел, кој живеел во идеална атмосфера за истражување и учење, во градовите – полиси, и Александар, кралот на многу народи, кој живеел во широка сфера, владеејќи со милиони луѓе од различни раси, и двајцата заклучиле дека за да се владее со мудрост во мирно време е потешко отколку да се победи во војна. Приврзаноста со Ориенталните пријатели го научила Александар дека иако Истокот може многу да научи од Западот, сепак и Истокот има голема културна и духовна вредност која допринесува на Западот. И Аријан, кој живеел во времето непосредно по Христа, кажува дека Александар бил воден напред од потсвесен нагон, од сонот за спојување на народите, да донесе хармонија каде што таа била отфрлена, и како што учел Херакле, да живее во корист на своите поданици. Платон ја опишал Идеалната Заедница, но никогаш не ги убедувал луѓето да ја употребат. Александар, изградил над 70 градови помеѓу варварските народи, одвикнувајќи ги од нивниот див начин на живеење. Тој верувал дека е испратен од небото како модератор и арбитар на сите народи, и затоа работел на оваа идеја мислејќи дека можел да ги стави сите региони, далечни и блиски, под една иста власт. Тој немал намера да ја претури Азија како ограбувач, ниту да ја опутоши и ограби , туку да ги потчини сите под една форма на владеење и да направи една нација од целото човештво. Но, ако божествата што ја испратиле душата на Александар на овој свет, не ја повикале назад толку брзо, еден закон и право ќе владееле со целото човештво, и ќе се раководело од едно владеење на правдата како заеднички извор на светлина. Затоа, на прво место, планот на Александровата експедиција го прикажува него како филозоф, во неговата намера, не да освои за себе раскош и екстравагантен живот, туку да извојува слога и мир и заеднички интереси за сите. Тој верувал дека дошол испратен од небото како хармонизатор и помирувач на целиот свет. Оние кои не можел да ги убеди да се обединат со него, ги покорувал со оружје, и ги соединувал во едно тело; сите луѓе насекаде, обединети и измешани во една огромна целина. Тој им понудил сите да ја чувствуваат целата населена земја како своја татковина и како свое упориште, како од еден род. Тие не требало да прават разлика на Елини и странци поради ниванта облека или градби, туку разликата да се согледува во врлините на Елините и уникатноста на странците. Облеката и исхраната, венчавките и начините на живот да се гледаат како заеднички за сите, измешани во едно, врзани по крв и потомство. На неговиот говор во Согдиана, неговата идеја за меѓусебно почитување и толеранција, ја искажал со следниве зборови:

Слични зборови упатил и кон својата војска, составена не само од Македонци, туку и од Персијци и припадници на други народи, на говорот во Пасаргада, Персија во 324 г.пне.:
“Кога од Европа се префрлив во Азија, се надевав дека кон моето кралство ќе приклучам многу познати народи и голем број луѓе. И не се излажав што поверував во кажувањата за нив. Кон тоа се придружи и сознанието, зашто видов храбри луѓе, непоколебливи во почитувањето на своите кралеви. Јас верував дека се е покриено со раскош и дека неизмерната среќа се нурнала во наслади. Но, жими Херкула, вие подеднакво вредно ја поднесувате воената служба со истата телесна и духовна сила, а бидејќи сте храбри мажи подеднакво пројавувате и храброст и верност. Јас ова сега за прв пат го изјавувам, но го знам тоа одамна. Затоа од ваште редови имам и одбор младичи, а и вас ве приклучив во составот на мојата воска. Вие имате иста облека И исто оружје како И моите војници; но вашата покорност И послушност е далеку подобра, одошто кај останатите. Јас дури се оженив со ќерката на Персиецот Оксиарт И не сметав дека е недостојно да подигам деца од пленичка. Но кога наскоро посакав повеќе да го проширам семето на мојот род, ја земав за жена И ќерката на Дариј И им препорачав на најблиските пријатели да раѓаат деца со пленичКи И со една ваква света врска да се премавне секаква разлика меѓу победниците И победените. Поради тоа, верувајте дека вие сте ми природени, а не најмени војници. Едно И исто е кралството на Европа И Азија И јас ви го давам оружјето на Македонците. Јас заборавив дека вие сте туѓинци; сега сте мои граѓани И војници. Се е изедначено, но е недостојно Персијците да ги засенат обичаите на Македонците. Исти права треба да имаат сите, што ќе живеат под власта на еден ист крал”.
Сепак, посебно значаен е неговиот говор за помирувањето одржан на светата церемонија која се одржала во 324 г.пне. во Опис, а била наречена “Свеченост на помирувањето”, на која присуствувале 9000 гости; Македонци, Персијци и други истакнати луѓе од многу народи. Церемонијата ја започнале Грци и Маги; бидејќи не почитувале исти божества, жртвувањето било наменето на богот кој ги надминувал сите национални вероисповеди; ова било во согласност со религиозните верувања на Александар. Според сигурни извори, за што пишувал и познатиот историчар Ерастотен (роден 276 г.пне.), Александар бил првиот кој изјавил дека Господ не е само владетел, туку и татко на сите луѓе. Во Опис тој се молел за благослов на претставниците на многуте раси присутни таму, и за тоа дека треба да постои еднакво партнерство помеѓу Македонците и Персијците, и дека слогата (хомоноиа) треба да го обедини целиот свет. Тој не се согласил со оние кои го сеоветувале да ги смета Грците за пријатели а другите народи за “варвари”, со што би го поделил човештвото во две групи. Тој повеќе би сакал да го подели човештвото на добри и лоши луѓе. Со сигурно сите мораат да увидат дека многумина Грци биле недостојни за почит, додека многу “варвари” биле префинети и добри, и имале одлични политички институции. Неговиот говор не бил разбран од повеќето; неговата идеја тогаш била толку необична што изгледала револуционерна и неисполнлива. Александар не покажувал знаци на “затруеност со успех” кога зборувал во Опис. Тој внимателно одбрал место како еднаков со сите гости, кога ја направил декларацијата на неговата мисија да стане “помирувач на светот”……продолжува
Ѓоко Апостолов









