Темелковска во силна конкуренција од 82 кандидати од средните училишта во целата држава успеа да се пласира во финалето заедно со уште седум кандидати, со изготвени есеи на однапред зададена тема. Финалистите пред Комисијата лично ги презентираа своите трудови, при што есеите беа оценувани стилски, содржински, композициски и според начинот на презентација.
Есејот на гимназијалката Ангелина Темелковска втор во Македонија
Талентираната Темелковска е ученичка во завршна година во охридската гимназија, а трудот на тема „Глас – една душа. Буква – душа во тело. Тело – живот во време. Време – линија на постоењето. Некаде…Во меморијата. Во сеќавањето. Во среќавањата…“ го сработи под менторство на предметниот професор м-р. Ирена Бачиќ.
Наградениот Есеј на Ангелина Темелковска