Во организација на Црвен крст Охрид, а со поддршка на волонтерите на Мировен корпус Македонија, започнува нов есенски циклус од Часот за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4 -7 години.

Волонтерите-предавачи од Црвен крст Охрид и Американскиот мировен корпус, во текот на наредните месеци, на забавен и интерактивен начин ќе се потрудат кај децата да го надградат и зајакнат знаењето на англискиот јазик. Преку приказни, песни, уметност и вежби и користење на англиска литература за деца, ќе се поттикнуваат и развиваат нови креативни вештини, ќе се развива емоционалната сигурност како и хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст.

Родителите заинтересирани за оваа програма, треба да дојдат во просториите на Црвен крст Охрид и да пополнат формулар, секој работен ден од 9-16 ч, до 25-ти септември .

OhridNews