Во Охрид денеска ќе преовладува сончево време со умерена облачност, во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.


Извор УХМР

Во текот на ноќта ќе биде облачно, во западните делови со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од јужен правец кој на места повремено ќе се засилува по интензитет.

Веќе од утре не очекува драстично заладување со пад на температурите за околу 10 степени и обилни врнежи од дожд на места и до 20 литри на метар квадратен.

OhridNews