Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне од запад постепено ќе настапи значително наоблачување. Кон крајот на денот ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи во западните делови. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од јужен правец, информираат од УХМР Македонија.

Променливото и врнежливо време ќе потрае и во деновите од викендот. Дождот значително ќе ги намали дневните температури кои ќе се движат во интервал од 19 до 26 степени Целзиусови.

OhridNews