Од вкупно регистрирани 474 јавни основни и средни училишта во државата, за снабдување со субвенционирана електрична енергија преку „ЕСМ продажба“ се пријавиле 309 училишта со вкупно 869 броила и тие од 1 декември веќе се снабдуваат со струја по цена од 95 евра за мегават час.

Од вкупно 70 регистрирани водостопански и комунални претпријатија кои работат со пумпни или пречистителни станици, се пријавиле 51 субјект со вкупно 738 броила и се снабдувани со струја по цена од 95 евра за мегават час.

Субјектите од овие две категории кои не поднеле документи или поднеле некомплетни документи, можат да се пријават со комплетна документација до 20 декември годинава и да бидат снабдувани преку „ЕСМ продажба“ од 1 јануари идната година, соопшти АД ЕСМ.

Во следните денови, како што информираат, ќе бидат објавени и субјектите од прехранбената индустрија со шифри на дејноста опфатени во одлуката од Владата, кои веќе се снабдуваат преку „ЕСМ продажба“.

И за прехранбената индустрија важат истите правила за пријавување со цел снабдување од 1 јануари идната година, прецизираат од ЕСМ.

OhridNews