Пиењето кафе „Еспресо“ би можело да има значајно влијание врз спречувањето на Алцхајмерова болест, посочува ново истражување на Универзитетот на Верона, Италија.

Овие наоди даваат увид во невропротективниот потенцијал на „Еспресо“ кафето. Овој напиток којшто често се конзумира, е извор на природни соединенија што имаат корисни својства, вели д-р Маријапина Д’Онофрио.
За потсетување, на почетокот на минатата година беа објавени загрижувачки резултати од истражување за деменцијата спроведено во 195 земји. Со тоа, се предвидува дека таа болест ќе ги зафати умовите на 153 милиони луѓе ширум светот до 2050 година, што е околу три пати повеќе отколку во 2019 година. Ова е поврзано со трендовите на факторите на опасност – вклучувајќи дебелина, дијабетес, ниско образование и пушење.
OhridNews












