
“Ова е сеалбански марш без партиски амблеми и никој од оние кои го поддржуваат ќе немаат примат врз него. Затоа уште еднаш ги покануваме сите Албанци од Македонија, утре да излезат заедно со нивните семејства за силно да ги искажат своите барања. Утрешниот митинг ќе има три пораки – оставка на антиалбанската влада на инкриминираните и корумпирани Груевски и Ахмети, обелоденување на сите вистини за Албанците во Македонија и барање за нов договор во земјава”, рече Фердес Сулејмани, Организациски совет на протестот “Протестирам албански”.
Маршот ќе почне од паркот во Чаир во 17:00 часот и ќе заврши пред мостот “Гоце Делчев”.
OhridNews










