Етно Кампот „Гердан од Бисери“ претставува уникатна можност за младите генерации да се запознаат со македонската традиција преку живо искуство. Кампот е вистинска етно-платформа која оваа година по 10ти јубилеен пат, успешно го спојува старото и новото, традицијата и современите педагошки пристапи, едукативни и културолошки вредности и пред се играта, низ танцов и спорстко-рекреативен контекст.

Етно кампот содржи хорски работнилници за различни возрасни групи, вокални работилници, инструментални работилници и грнчарска работа, а содржините се адаптирани за возраста и интересите на децата. Во вечерните часови предвидена е забавна програма со игри и едукативни работилници, истакнуваат организаторите.

Мисијата на Етно Кампот „Гердан од Бисери“ е да ги негува, зачувува и промовира македонската народна култура и традиција преку едукативни фолклорни работилници и спортско-рекреативни активности, овозможувајќи простор за личен и културен развој на деца и младинци во креативна и инспиративна средина.

Организатор на ЕтноКамп „Гердан од Бисери“ е Татјана Узуноска Тренеска, уметнички раководител на КУД „Гердан од Бисери“, Охрид, уметнички раководител на детски хор во Охрид, организатор на Смотра на ветерани како и долгогодишен соработник и член на Уметнички одбор на „Балкански фестивал“.

Етно кампот завршува на 8 август.

OhridNews