Камерунскиот репрезентативец Самуел Ето со головите во 17-та, 45-та и 49-та минута го реши победникот во дерби пресметката меѓу Челси и Манчестер Јунајтед 3-1 одиграна на „Стемфрод Бриџ“. Ето беше незадржлив за составот на Јунајтед, кој уште еднаш индиспонираше на натпревар во Премиер лигата. Се што направија „ѓаволите“ беше почесниот погодок на Чичарито во финишот од мечот.
Резултати : Свонси – Тотенхем 1-3, Челси – Манчестер Јунајтед 3-1.
Мх.П.