Aфриканската фудбалска конфедерација го скарти списокот на кандидатите кои влегоа во трката за најдобар фудбалер, во 2011 година.

Од петтмината кои беа на списокот, во игра за добивање на престижното признание останаа тројца, репрезентативецот на Гана, играчот на Марсеј, Андре Ају, репрезентативецот на Мали, фудбалерот на Барселона, Сејду Кејта и фудбалерот на Манчестер Сити, инаку репрезентативец на Брегот на Слоновата коска, Јаја Туре.

На списокот кој го скрати Африканската фудбалска федерација повеќе ги нема Самуел Ето, репрезентативецот на Камерун, и напаќачот од Сенегал Муса Соу.

Бекам во ПСЖ доаѓа во јануари
Англискиот фудбалер Дејвид Бекам му рекол „да“ на францускиот клуб Пари Сен-Жермен, донесуваат на насловната страница париските дневни весници Ле Парисиен-Аујоурд’хуи и л’Ељуипе, пишувајќи дека фудбалската ѕвезда која настапува за американскиот клуб Лос Анџелес Галакси, со ПСЖ ќе потпише договор во јануари.

Ле Парисиен притоа пишува дека Бекам и ПСЖ веќе потпишале преддоговор според кој фудбалерот ќе добива 800 илјади евра месечно во идните 18 месеци. Меѓутоа, извори блиски на Бекам ги отфрлиле овие информации во францускиот печат како неосновани.

На 36-годишниот Дејвид Бекам му истече договорот со ЛА Галакси и сека треба да се реши дали ќе ја прифати понудата на ПСЖ или ќе остане во Лос Анџелес. Тој, како што најави, сонува да настапи на олимписките игри во родниот Лондон идното лето.

“Макфакс“
Ohridnews