Поранешниот фудбалер на Барселона, Самуел Ето со огнени стрели го нападна Пеп Гвардиола, кој четири сезони беше на клупата од каталонците. Почетокот на тренерската кариера на Гвардиола е одбележена со Ето бидејќи предводени од него во нападот каталонците ја покорија Шпанија, Европа, а подоцна и светот.

Соработката меѓу Ето и Гвардиола траеше две години откако Камерунецот по доаѓањето на Давид Вилја беше принуден да го напушти Ноу Камп.
– На еден од тренинзите пред голем натпревар, тој ми пријде и сугерираше како да играм во нападот. Јас вчудоневидено му реков, па ти не беше толку добар играч да ми делиш мене совети во нападот – заврши Ето.
Мх.П.











