ЕУ и УНДП денеска во просториите на НП Галичица во Охрид го промовираа проектот за заштита на природата вреден 4.3 милиони евра, кој ќе биде имплементиран во партнерство со Министерството за животна средина во наредните 28 месеци.
-Со овој проект во кој ЕУ контрибуира со 4 милиони евра, докажуваме дека Унијата е тука за Вас и може да сметате на нас и во иднина. – изјави Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ во Македонија.
Со проектот меѓу другото, се предвидуваат повеќе грантови за одржливо користење на природните ресурси, како и изградба на неколку мали пречистителни станици во населените места во заштитените подрачја, како што е НП Галичица.
– Македонија глобално е познато како дел од оние земји со несомнено најбогат биодиверзитет. – изјави Луиза Витон, постојан претставник на УНПД во Македонија.
Министерот за животна средина и просторно планирање истакна дека со овие средства ќе се подигне нивото на заштита во заштитените подрачја, пред се на Националниот парк Галичица.
Г.М.














