Европската унија подготви нов предлог за нормализација на односите меѓу Косово и Србија со јасен распоред за активности, изјави висок дипломат на ЕУ на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан.

Нацрт-предлогот беше испратен до двете страни вчера, рече дипломатот, кој сакаше да остане анонимен. Додаде дека очекуваат конечен договор да биде постигнат за помалку од една година.

Има многу работи што го прават голем чекорот напред во споредба со сегашната ситуација… Тоа не е целосно признавање…, но тоа е целосна нормализација на односите, рече дипломатот.

Откако ги сослушавме двете страни, го реконструиравме предлогот, рече дипломатот. Предлогот содржи додаток „со јасен календар на дејствија – кога и како треба да се одвиваат работите“.

Дипломатот ги повика Приштина и Белград „да продолжат со конструктивниот ангажман и да се фокусираат на постигнување неповратен напредок во нормализацијата“.

OhridNews