Проектните предлози, кои ќе бидат поддржани од ИПА-програмата, треба да се однесуваат на економски, социјален развој и унапредување на животната средина, кои ќе можат да се споведуваат и во Македонија и во Албанија.
-Целите на овој повик се очекува да бидат остварен преку спроведување на мерки за економски развој со акцент на областите поврзани со туризмот. Потоа одржлив развој на животната средина со акцент на заштитата, унапредувањето и управувањето со природните ресурси и екосистеми како и социјална кохезија и културна размена преку дејства од луѓе-за-луѓе и од институции-за институции, стои во јавниот повик, кој деновиве е објавен на веб страницата на Министертвото за локална самоуправа.
Според него, потенцијални корисници на Програмата за прекугранична соработка може да бидат локалните или регионалните власти, државни и регионални агенции, невладини организации, здруженија, фондации, туристички агенции, образовни институции , јавани претпријатија и други правни лица.
Крајниот рок за доставување на апликации е 23 февруари 2012 година.