Доколку свинскиот грип прерасне во пандемија, во период од две години ќе претставува опасност за една третина од светската популација, предупредуваат експертите.

Поради можна пандемија, Светската здравствена организација го подигна нивото на мобилност, од трет на четврти степен на тревога.

Европска комисија оцени дека е прерано да се препорача ограничување на патувањата кон земјите погодени од свински грип, оценувајќи дека треба да се нарекува нов грип за да не се загрозат фармерите кои одгледуваат свињи. Сепак, дел од европските држави им препорачаа на нивните граѓани да ги ограничат патувањата, особено во Мексико.

Шпанија стана првата европска земја со потврден случај, додека британските власти јавија за заболување на две лица.

Ohridnews