Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, вечерва во изјава дадена пред седиштето на Владата во Скопје, го соопшти ставот на Вашингтон и Брисел во врска со датумот за одржување на вонредните парламентарни избори, договорени од партиите потписнички на Договорот од Пржино. Според ЕУ и САД во моментов нема услови за одржување на фер, демократски и кредибилни избори на 24-ти април.
Како можен датум за избори меѓународната заедница го посочи 5-ти јуни.
Оценката на меѓународната заедница му беше предадена на премиерот на техничката влада Емил Димитриев.
Претходно претставници на меѓународната заедница одржа средба со лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино на која не учествуваше претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Дополнително попладнево ВМРО ДПМНЕ соопшти дека ја прекинува соработката со посредникот Питер ван Хауте.
OhridNews