
“Анкетната комисија треба да се формира, власта и опозицијата треба да усвојат меморандум за разбирање за евроинтеграциите и прашањето со новинарите да се реши бидејќи за жал тие станаа дел од овој проблем иако не направиле ништо лошо“, изјави комесарот Филе на вчерашната прес конференција во Брисел.
Во извештајот, ЕК ја посетува Владата дека не ја исполнил обврската преземна од договорот од први март да го обнови дијалогот со новинарите.
“Довербата треба да се поврати со цел останатите точки од агендата на Работната група за медиуми (вклучлувајќи го зајакнувањето на јавниот радиодифузен сервис, подобрување на професионалните стандарди и етиката на новинарите и воспоставувањето на систем на саморегулација) да се решат“, стои во извештајот.
Во врска со донесувањето на новиот закон за медиуми, Европската комисија истакнува дека од суштинско значење е процесот на усвојување на секое законодавство поврзано со медиумите и слободата на изразување да биде инклузивен и да ги вклучува сите заинтересирани страни.
“Не е постигнат напредок во однос на зголемување на транспарентноста на владиното рекламирање, кое исто така беше дел од агендата на Работната група“, констатира ЕК.
Брисел,е загрижен за присуството на авто-цензура во медиумите, дека работничките права на новинарите се слабо заштитени и дека на јавноста и е ускратено праваото да има пристап до објективно известување од медиумите. “Згора на тоа, за време на локалните избори во март, набљудувачите забележаа недостиг од избалансирано медиумско покривање од јавниот сервис и приватните телевизии“, стои во извештајот.
Покрај напредокот околу декриминалзииацијата на клветата и навредата, ЕК ја повикува Владата да преземе дополнителни напори за да се осигура дека судовите го спроведуваат новиот закон согласност барањата на Европскиот суд за човекови права.
Според Здружението на новинарите на Македонија -ЗНМ, Извештајот на Европската комисија во делот за слободата на изразувањето е објективен.
„Во извештајот се констатира дека политичките партии не ја формирале Анкетната комисија, која треба да го расчисти инцидентот со новинарите и се повикува на обновување на дијалогот. Позитивно е што Комисијата ја реафирмира потребата од градење на мерки на доверба за да можеме да го продолжиме дијалогот и да ги решиме и преостанатите отворени прашања, како што се зајакнувањето на Македонската радиотелевизија и потребата за формирање на саморегулатоно тело во медиумите, кое ќе помогне да се зајакне примената на професионалните и етички стандарди на новинарите“, се вели во соопштението од ЗНМ.












