Eвропската унија пројави сериозна загриженост за денешната одлука на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да ги помилува сите лица што се вмешани во незаконското следење на комуникациите како дел од неговите напори да се надмине политичката криза која псоледните две години ја турна земјата во сериозна политичка криза, јавува „Макфакс“
Европската дипломатска служба на Федерика Могерини, во вторникот вечерта преку портпаролката Маја Коцијанчиќ, реагираше на одлуката на Иванов, изразувајќи сериозна загриженост за одлуката, повикувајќи ги сите страни да избегнуваат потези со кои ќе ги стават во ризик досега вложените напори за смирување на тензиите во земјата, јави дописникот на МИА од Брисел. .
„БЈР Македонија се посвети на промовирање на владеењето на правото и борбата против неказнивоста. Наспроти ова, денешната одлука на претседателот Иванов за помилување на голем број на службеници покренува сериозна загриженост. Тоа се случува во време кога сите страни треба да бараат начини за зачувување на Договорот од Пржино. Ние ги повикуваме сите страни да избегнуваат интервенции што носат ризик од поткопување на со години вложените напори во земјата, а со поддршка на меѓународната заедница за зајакнување на владеењето на правото“, истакнува портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчиќ.
Таа во име на ЕУ изрази поддршка на работата на Специјалниот обвинител во Македонија.
„Важно е да се поддржи работата на Специјалниот обвинител и нејзиниот тим основана од страна на Парламентот како дел од Договорот за Пржино и да продолжат да ги истражуваат сериозните проблеми што беа изнесени минатата година. Исто така, еднакво важно е да се подготват за веродостојни избори за одржување на земјата на патот на евроатлантската интеграција. Од суштинско значење е сите партии да се вратат на дијалогот и да се најде заеднички договор кој ќе им служи на граѓаните, ја пренесе Коцијанчиќ пораката на Европската унија.
Претходно, еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан на Twitter порача дека смета оти одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да ги аболицира сите политичари „не е на линија со неговото поимање на владееењето на правото“.
Хан вели и дека има дилеми дали се воопшто можни веродостојни избори во Македонија по ваквиот потег на Иванов. „Во светлината на овие случувања, имам сериозен сомнеж дали се можни веродостојни избори (на 5-ти јуни) во Македонија“, вели Хан.
OhridNews
Иванов прогласи прекин на сите судски постапки против политичарите во Македонија