Дебитантот во Супер лигата, Еурофарм Работник новата 2017 година ќе ја дочека со нов тренер, откако Андон Бошковски се договори со битолскиот клуб.
Како што пренесува 24.ракомет, досегашните предводници на „фармацевтите“, Иван Маркоски и Александар Зарков ќе останат во клубот и ќе работат во младинските категории.
Еурофарм Работник одлично се носеше со улогата дебитант, но не и со резултатите, бидејќи заврши на третата позиција на табелата зад Пелистер и Охрид.
Според вложените финансии и играчите во ростерот целите на екипата беше пласман на првата позиција, а не борба за местата кои водат во плејофот.
Новиот стратег, Бошковски кој последен ангажман имаше во тимот на Роман од Романија ќе има тешка задача пред себе во Супер лигата. Искуството, секако, е на негова страна бидејќи во минатото ги водеше екипите на Вардар, Богданци, Металург и Работнички, а во неколку наврати беше и помошник во македонската селекција.
OhridNews