Ракометарите на Еурофарм Работник направија голем чекор напред кон вицешампионската позиција во Супер лигата победувајќи го Металург со убедливи 32-25 (13-12) во Автокоманда.

Првиот дел од дербито помина во егал, додека во вториот дел доминираше битолскиот состав. Надмоќноста во секој сегмент „фармацевтите“ ја капитализираа со висок триумф. До крајот на плејофот во Супер лигата остануваа уште осум рунди, но оваа пресметка беше важна за двете екипи.

Одговорноста за поразот и губењето на првата битка со Еурофарм Работник ја презеде Данило Брестовац. Селекторот на македонската ракометна репрезентација после мечот го известил клубот дека заминува од позицијата тренер.

Металург во следните мечеви ќе го предводи Оливер Димитриески, кој беше прв асистент во стручниот штаб на Брестовац.

OhridNews
Фото: Гол.мк