Ракометарите на Еурофарм Работник забележа убедлива победа во градското дерби со Пелистер победувајќи со 33-22 (15-9) во последниот меч од првата рунда во Супер лигата.
„Фармацевтите“ од самиот почеток со голгетерска серија (7-1) покажаа дека се решени за победа во дерби пресметката. „Пелистерци“ не успеаја да се консолидираат и да пружат отпор и беа лесен залак за помладиот брат.
Со дербито кое еднаш беше одложено се комплетираше првата рунда во Супер лигата која помина без поголеми изненадувања. Новајлијата Бутел со 31-18 славеше над Прилеп, Струга беше подобра од Борец 29-24, Вардар Јуниор во неверојатно ефикасен меч победи против Радовиш 41-38, додека Пролет со 28-24 го совлада Охрид кој имаше добар почеток на натпреварот.
Викендов на терените ширум нашата земја ќе се одиграат мечевите од втората рунда.
Фото: Гол.мк
OhridNews