– Одигравме фер и коректен натпревар во кој победи подобриот состав. Иако Охрид е во зоната на испаѓање, а таквите противници се секогаш незгодни ние максимално бевме подговени за овој натпревар и заслужено се радувавме на победа. Се надевам на крајот од сезоната ќе се пласираме на едно од двете места во лигата кое обезбедува директен пласман во елитното друштво – рече Иловски.
На мечот со својот поранешен тим стоперот Иловски го одигра целиот натпревар додека Велјаноски и Митрески си ги заменија местата по нешто повеќе од еден час игра.
Во вондредното 22-то коло “млекарите“ ги очекува тешко гостување кај екипата на Врапчиште која се наоѓа во долниот дел од табелата.