Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува и останува 71,50 денари.
За 0,716 денари поевтинува мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 36,992 денари.
OhridNews











