
Дозволата, која важи седум години, ќе ја обврзе оваа фирма да ги намали емисиите на штетни материи во сите медиуми на животната средина и предвидува мониторинг на емисиите на штетни материи.
-Според законските прописи, Б-интегрираната дозвола е предуслов за вршење дејност на фирма чија опрема или инсталации емитуваат материи штетни за средината и за здравјето на луѓето. Без оваа дозвола, во иднина потенцијалните загадувачи нема да може да работат.–објаснија од Секторот за урбанизам при Оштина Охрид.

Тие нагласија дека уште 10 фирми од охридско подлежат на оваа законска обврска и дека сите имаат поднесено апликација за добивање Б-интегрирани еколошки дозволи.












