Младата средношколка Ева Ивановска од Делчево е добитничка на престижната награда за најдобра беседа за 2025 година на Конкурсот за најдобра беседа на НУ „Григор Прличев“ од Охрид, годинава под наслов „Чувај се себеси“.

Посебно сум среќна и горда што ќе бидам дел од Прличевите беседи годинава, вели Ивановска.
Наградата за најдобра беседа во вредност од 9000 денари и статуетка со ликот на Прличев на Ивановска ќе и’ биде бидат врачени на 6 февруари на манифестацијата „Прличеви беседи“ во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.
На Конкурсот, трет по ред и тоа на државно ниво имаа право да се пријават млади автори од 15 до 30 годишна возраст.
Манифестацијата „Прличеви беседи“ традиционално е поддржана од Министерството за култура и туризам и Општина Охрид.
OhridNews












