Грчките власти организираа масовна евакуација на жителите од Солун, од каде привремено се исселуваат 72.000 луѓе, за денеска да биде деактивирана и отстранета бомба до Втората светска војна.

Воени експерти се обидуваат да ја неутрализираат бомбата на местото на кое се наоѓа, а оваа операција според експертите ќе трае најмалку неколку часа. Евакуацијата започна утрово во 6 часот по лолано време, а жителите со автобуси се пренесуваа на оддалеченост од најмалку два километри од бомбата. Луѓето се сместени во училишта, ресторани и стадиони.

Властите исто така го евакуираа и бегалскиот камп што е во близина, а во кој има 450 луѓе.