Аеродромот во германскиот град Хамбург е евакуиран откако пожарникарите биле повикани на помош заради наводите дека најмалку 50 луѓе имаат проблеми со дишењето.

Алармот на аеродромот е објавен претпладне, кога неколку луѓе пријавиле дека чувствуваат чудни мириси и се пожалиле на проблеми со дишењето.

Пожарникарите веднаш стигнале, а спасувачките служби ги евакуирале луѓето од аеродромскиот простор што се наоѓа меѓу терминалите 1 и 2, упатувајќи ги патниците и вработените на аеродромот да користат друг паркинг.

OhridNews

извор Макфакс