
Паралелно со овој проект, се реализира проект за обука на докторите во ИМП, кој трае веќе две недели, ова ќе биде трета недела и ќе продолжи во наредниот период за едукација на докторите кои работат во ИМП согласно најсовремени протоколи за едукација.
– Во тек е и набавка на тетра систем на комуникација во возилата со кој ќе можат практично да имаат многу квалитетна комуникација во рамки на ИМП, но и за комуникација на ИМП со сите здравствени установи (болниците и клиниките) за да знаат каков пациент им доаѓа и можност за комуникација за време на транспортот, истакна на промоцијата на новите возила министсрот за здравство Никола Тодоров.
Посочи дека во тек е и набавка за таблет компјутери кои ќе бидат поставени во сите амбулатни возила на кои ќе бидат поставени сите протоколи и упатства особено протоколот за ИМП со можност за гласовно пребарување за десетте најфреквентни причини за транспорт со ИМП. Тоа значи, истакна Тодоров, дека доколку докторите во ИМП имаат потреба да се осигураат за тоа што ќе го направат само со гласовно изговарање на некои од дијагнозите или повредите на пример инфаркт или трауми, ќе излезе целиот протокол на таблетот и на тој начин целото знаење во медицината докторот го има на дофат.
– Следна работа која ја правиме за ИМП е вработување на 80 доктори во сите центри на ИМП со што практично овозможуваме сериозно зголемување на целиот кадар во ИМП за над 25 проценти во однос на вкупниот број што сега сме го имале. Ова би рекол историски најголемо зголемување на бројот на доктори во ИМП во последните 20 години. Очекувам со сите овие мерки и активности кои ги спроведуваме на планот на ИМП да постигнеме многу поквалитетно нејзино функционирање, побрза реакција, побрзо пристигнување на местото на настанот и современ медицински третман, рече Тодоров.












