2013-та денеска ја испраќаме и по стариот, Јулијански календар. Изминатиот период слушнавме, видовме и прочитавме бројни анализи на експерти, новинари, јавни личности, политичари за годината што измина, но еве што мислат за 2013-та граѓаните.

Вообичаено на почетокот од Новата година владее оптимизам дека таа ќе биде подобра од претходната. Искрено посакуваме да биде така. Трошоците за живот да се намалат, стандардот да се зголеми, сметките за струја, вода и каматите на кредитите да не растат, a политичарите да остварат барем нешто од тоа што ветуваат. Ако не, да сме живи и здрави.

Среќна Стара Нова година! 

OhridNews