Кандидатите за претседател на државата непосредно по гласањето дадоа изјави за медиумите.

„Денеска со сопругата Маја и со синот Иван го остваривме нашето право на глас, очекувам дека истото ќе го направат и сите граѓани на Република Македонија и зад нас ќе оставиме уште едни успешни избори и да покажеме дека Македонија функционира демократски со целиот свој кредибилитет и капацитет“, рече Иванов, кој гласаше околу 12:00 часот во средното училиште „Јосип Броз Тито“.
„После изборите очекувам да продолжиме во остварувањето на нашите стратешки цели и да работиме на просперитетот на Република Македонија за сите нејзини граѓани“, додаде Иванов кој се бори за вториот последователна мандат како шеф на државата

„Јас се надевам дека денешниот ден ќе почне и ќе заврши во демократски дух, дека сите процедури ќе бидат испочитувани и искрено се надевам дека на крајот на денот нема да сведочиме на постапки кои ги видовме претходниот ден, кога посебните категории луѓе и особено гласањето во дијаспората не се одвиваа во согласност со законските одредби“, рече Пендаровски.

Ова го изјави кандидатот за претседател од ГРОМ, Зоран Поповски, којшто своето право на глас го оствари околу 10.30 минути во основното училиште „Братство“ во Тафталиџе.
„Нека победи најдобриот, тој што ќе освои најмногу гласови, тој што ќе добие поддршка од граѓаните нека победи. Се надевам дека до крајот на денот ќе нема никакви недоразбирања и проблеми“, изјави Поповски.
Тој истакна дека денешниот ден за неговото семејство е убав ден, бидејќи неговиот син за првпат има право на глас.

Халими посочи, како што рекол и во изборната кампања, дека има шанси за пласман во вториот круг, дека гласачите се тука и треба да излезат да гласаат, а дали некој ќе излезе или не,м зависи од асмиот гласач
OhridNews
извор:Макфакс/Миа











