Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2018 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.68 %.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот Л – Административни и помошни услужни дејности – 4.25%, додека најмала е стапката во секторот Љ – Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0.20 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.91 %. Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 3.15 %.
Најголем број слободни работни места, односно 2 929, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.
OhridNews