Евертон го победи Манчестер Сити со 2-1 и ја остави неизвесноста во трката за последното место кое води во Лигата на Шампиони. Сити (62 бода) пропушти можност на две рунди пред крајот да го визира местото во елитната лига.


Мечевите на екипите во опасната зона го одбележаа саботното коло во Англија. Последно пласираниот Вест Хем (33 бода)  ремизирааше со Блекбурн 1-1, Виган (36) извлече бода кај Астон Вила, додека по поразот од Њу Касл од 2-1 Бирмингем(39) остана во опасната зона.


 

Натпреварот на „Олд Трафорд“ помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи во целост ќе го обележи 36-то коло во Премиер лигата на Англија. Овој натпревар може да го реши прашањето околу шампионската титула, Челзи со евентуална победа ќе биде блиску до одбрана на пехарот, додека Јунајтед со секој друг резултат ќе ја задржи предноста во однос на „сините“ од Лондон.

Резултати : Астон Вила-Виган 1-1, Болтон-Сандерленд 1-2, Евертон-Манчестер Сити 2-1, Њукасл-Бирмингем 2-1, Вест Хем-Блекбурн 1-1, Тотенхем-Блекпул

Утре играат : Вулверхемптон-ВБА, Стоук-Арсенал, Манчестер Јунајтед-Челзи
Понеделник, 9 мај: Фулам-Ливерпул