Составот на Евертон, следната сезона посакува да замеша во борбата за ТОП 4 позициите на табелата и да игра важна улога во англиската Премиер лига. „Карамелите“ и италијанскиот стратег Карло Анчелоти имаат и план како да ја остварат посакуваната цел.

Анчелоти на клупската управа им одредил задача во летниот преоден рок да донесат две ѕвучни засилувања . Се работи за репрезентативците на Велс, Герет Бејл и Арон Ремси.

Евертон остварил првични контакти со Реал Мадрид и Јувентус каде што моментално настапуваат Бејл односно Ремси и има простор за преговори и успешно завршување на трансферите, пренесуваат англиските медиуми.

Бејл годинава има релативно мала минутажа во Реал Мадрид додека Ремис не се снајде најдобро во екипата на Јувентус после трансферот од Арсенал.

OhridNews