Македонскиот пливач Евгенија Поп Ацев се закити со сребрениот медал на пливачкиот маратон во Италија кој се одржува од Капри до Неапол.

Единствениот македонски преставник делницата на италијанскиот маратон ја помина со време од 6 часа, 59 минути и 59 секунди. Првопласираниот Франческо Џетини кој победи и на маратонот во Охрид финишираше со време (6.56.11). Тројката на подиумот ја комплетираше Холанѓанецот Ларс Болјетиер со време од 7 часа и 25 секунди.

Во женска конкуренција триумфираше Барбара Поцобон кој исто така победи на маратонот во Охрид, а второпласирана заврши Аличе Франко. Гелјо Пилар од Аргентина заврши на третата позиција кај дамите.

OhridNews