Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев се закити со бронзениот медал на 32 километри долгиот маратонот на езерото „Сен Жан“ во Канада во рамките од Гран при серијата на ФИНА.

Поп Ацев делницата ја мина за 6 часа, 19 минути и 30 секунди и заостана само седум секунди од победникот на маратонот во Канада, Гиљермо Бертола од Аргентина. Втората позиција му припадна на Филипе Гертин од Канада со време 6 часа, 19 минути и 27 секунди.

На втората Гран при трка за сезонава учество зеде и Александар Илиески, кој со време 6 часа, 34 минути и 15 секунди заврши на десеттата позиција. Од сезонава личен тренер на Илиевски и минатогодишниот победник на маратонот во Охрид, Томи Стефаноски.

Токму Охридскиот пливачки маратон е следниот на кој маратонците ќе ги одмерат силите. Годинава водите во Охридското езеро маратонците ќе ги разбрануваат на 19 август.

OhridNews