Во текот на научните истражувања коишто се спроведуваат во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, спелеолозите од Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ евидентираа нова пештера во Националниот парк Галичица.
Алпинистичка Пештера е новооткриената пештера. Таа се наоѓа во близина на виа-фератата Доброја. Пештерскиот екосистем е зачуван во неговата природна форма, без евидентирани човекови влијанија. Во разгранетите пештерски канали има драперии, травертински басени, сталактити и сталагмити. Температурата на воздухот е пониска од 16°C, така што во топлите летни месеци истражувањата во пештерата претставуваат вистинско задоволство, информираат од Црвен крст Охрид.

OhridNews














