ЕВН Македонија веднаш по завршување на школската година повторно ги отвори вратите за децата на своите вработени. Традиционално еднаш годишно, најмладите ги посетуваат работните места на родителите и се запознаваат со компанијата.
Над 200 млади учесници, деца на вработените од сите скопски централни оддели и Кориснички енерго центри во земјава, учествуваа на едукативни работилници, правеа експерименти, се дружеа и се забавуваа.

Денес сакавме да ги инспирираме најмладите, давајќи им можност директно да искусат што значи еден работен ден и кариера во нашата компанија. Одушевен сум што во нашите млади гости гледам идни техничари, сметководители, инженери, па дури и менаџери. Ги охрабрувам младите да почнат со планирање и создавање на својата иднина. Учете, вклучувајте се, предизвикувајте се, откријте и исполнете го вашиот потенцијал, рече г-дин Мајер.
Вработени во компанијата, инженери, правници, економисти, менаџери, електромонтери и други профили, во текот на денот на своите деца им ги презентираа работните задачи кои тие ги извршуваат.

OhridNews














