Традиционално за време на новогодишните празници, ЕВН Македонија донираше пакети со храна на Македонската православна црква (МПЦ), Исламската верска заедница (ИВЗ) и Католичката црква.

Верските заедници преку хуманитарните организации „Свети Спас“, „Каритас“ и „Ел Хилал“ ќе се погрижат пакетите со храна да бидат распоредени низ целата земја. Свештениците од хуманитарната организација „Свети Спас“ ќе достават храна до граѓаните кои се во тешка здравствена состојба или пак живееат во далечните рурални средини во парохиите. Пакети со прехранбени продукти кои беа донирани за Католичката црква, „Каритас“ и хуманитарните организации на Исламската верска заедница (ИВЗ) „Хилал“ ќе ги поделат кај семејства во ризик, информираат од ЕВН Македонија.

OhridNews












