Високи претставници на ЕВН Македонија земаа активно учество на 14-тиот Меѓународен форум за енергетика и одржлив развој, кој оваа година се одржа во Скопје под мотото „Од цели кон акција: Напојување на иднината со одржлива енергија“.

На отворањето се обрати Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, која истакна дека енергетската отпорност денес значи способност системот да издржи, да се прилагоди и да продолжи да функционира, дури и во услови на неизвесност и геополитички потреси.

Првиот човек на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер се обрати за време на сесијата посветена на „Финансирање на енергетската ефикасност и обновливите извори“. Тој истакна дека нема зелена транзиција без силни, паметни и модерни дистрибутивни мрежи.
Не можеме да градиме зелена енергетска иднина на мрежа од 20-ти век. Надградените и модерни мрежи се суштински за интегрирање на обновливата енергија, но тоа доаѓа со многу висока цена. Затоа, меѓународните фондови, поволните заеми и стабилната регулаторна рамка се клучни за да се остварат неопходните инвестиции, потенцираше Маиер.
Менаџерот во ЕВН Македонија Електроснабдување, Беркант Шен, зборуваше за улогата на ЕВН во развојот на инфраструктурата за полнење на електричните возила во државата, со што директно се придонесува кон забрзување на електричната мобилност и заштитата на животната средина.

OhridNews












