ЕВН Македонија почнува кампања со која на корисниците им нуди можност да ги платат сите отворени долгови кон компанијата. Домаќинствата на 9 рати, а бизнис корисниците на 5 рати ќе може да ги платат тековните долгови за потрошена електрична енергија, тужените побарувања, дополнителните фактури, како и веќе пресметаната камата за задоцнето плаќање на редовните и тужените побарувања.

Со склучување на договор за плаќање на рати или во целост, корисниците се ослободуваат од плаќање на каматите кои дополнително би се пресметале по основ на задоцнето плаќање. Доколку пак, корисникот го плати севкупниот долг со склучување на спогодба на една рата, ќе биде ослободен од плаќање на сите камати и на оние што би произлегле од предметниот долг и од претходно задолжените камати.

Спогодбите, домаќинствата и малите бизнис корисници, може да ги склучуваат во сите приемни канцеларии во Корисничките Енерго Центри на ЕВН Македонија низ земјава, а буџетските корисници, локалната самоуправа, јавните претпријатија и индустриските корисници во одделот билинг, информираат од ЕВН.

OhridNews