
Силното невреме кое го зафати тетовскиот регион во неделата предизвика големи штети и на електродистрибутивната мрежа. Паднати столбови, скинати кабли и непристапен терен беа предизвиците со кои екипите на ЕВН Македонија се соочија на терен. Со зголемени капацитети и деноноќни напори, тие успеаа да го нормализираат снабдувањето со електрична енергија во целиот тетовски регион. Најкритично беше во селото Шипковица, каде во дефект беа три трафостаници. Сите корисници од регионот сега имаат непречено снабдување со електрична енергија.
На жителите на тетовскиот регион, поради поплавите кои ги зафатија нивните домови, покрај вода за пиење, потребни им се и средства дезинфекција за повторно оспособување на домовите за нормален живот. ЕВН Македонија својата донација ја достави во магацинот на Црвениот Крст во Момин Поток, од каде се дистрибуира до загрозените подрачја. ЕВН Македонија ги повикува и останатите претставници од бизнис секторот да се придружат на оваа донаторска акција.
OhridNews











